ПРОАКТИВА

Гласајте за велосипед и автобус

Здружението “Проактива” покрена мошне ажурна кампања за намалување на употребата на автомобилите, која има општа, национална и локална димензија, однесувајќи се на Скопје. “Проактива” ги повикува граѓаните да користат велосипеди за да го зачуваат своето здравје и здравјето на своите сограѓани и да ја заштитат животната средина.

Во кампањата се апелира и на поголемо користење на јавниот градски превоз. За таа цел, издадена е мапа на централните автобуски линии во Скопје со распоред на движењето на некои градски линии.

Оваа кампања е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање, претпријатието “Макекспрес”, како и неколку медиумски покровители.

М.И.