Промоција на СОЖМ
“Сексуално вознемирување”
Во рамките на проектот “Сексуално вознемирување”, поддржан од Меѓународниот совет на жените, Сојузот на организациите на жените на Република Македонија на 7 април годинава ја промовираше брошурата “Сексуално вознемирување”.Брошурата содржи резултати од истражувањето коешто го спроведе СОЖМ во 10 града низ Македонија, како дел од истоимениот проект. Целта на проектот беше добивање статистички податоци за сексуалното вознемирување и информирање на јавноста за неговото постоење и потребата од преземање соодветни мерки за сузбивање на истото. Со истражувањето требаше да се увиди дали се препознава сексуалното вознемирување и дали истото постои на факултетите, при вработување и на самото работно место.
Промотор на брошурата беше Санија Бурагева, главен инспектор за борба против трговијата со луѓе и друг насилен криминал, при Министерството за внатрешни работи. Статистичките податоци беа презентирани од д-р Јорде Јакимовски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, кој наедно ја изврши анализата и обработката на истите. Д.М.
|
|