РЕГИОН
Иницијатива за основање правна рамка за волонтерството
Младинската мрежа на Југоисточна Европа СЕЕН (СЕЕН) лансира нов проект насловен “Алберт Ајнштајн” кој има за цел да го промовира основањето законска рамка за волонтерство во земјите од Југоисточна Европа и да основа волонтерски визен режим. Конечната цел на проектот е да се засили мобилноста на младите преку зголемување на волонтерските кампањи, со цел да се обезбеди мирот и стабилноста во регионот. Во текот на десетте месеци од траењето на проектот ќе се имплементираат активности, како на пример анкета и изготвување документарец за волонтерството и неговите предности, грантови за мали промотивни кампањи и конференции за волонтерството меѓу младите. За време на кампањата, цел ќе бидат државни и локални влади, граѓански организации, медиуми и други институции коишто во својата работа се сретнуваат со волонтерството и волонтерските активности. Во имплементирањето на проектот ќе учествуваат следните локални агенции: ОКЦ - Младински комуникациски центар, Младинската информативна агенција на БиХ, Волонтерскиот центар од Загреб, Млади истражувачи од Србија, АДП Ѕид (Црна Гора), Младинскиот совет на Албанија, Младинскиот форум ОКО (Македонија) и Балкански младински клуб (Бугарија). УНВ - УНДП и Балканската мрежа за човекови права исто така ќе партиципираат во проeктот и ќе работат на анкетата за потребите и можностите на волонтерство.
Т.Х
|