ПРВО СПИСАНИЕ ЗА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА


Граѓански свет

На почетокот на 2001 година почна да излегува месечното списание “Граѓански свет” – првото списание посветено на граѓанското општество во Македонија. Списанието оттогаш па до денес е достапно во печатена форма, на македонски, и во електронска форма, на македонски и на англиски јазик.

Списанието об­ја­вува инфор­ма­ции за актив­нос­тите на гра­ѓан­ските здру­­­же­ни­ја вон на­ша­та др­ж­ава и ин­фор­мации од ин­те­рес на гра­ѓан­скиот сектор. Тоа се дистри­буира бес­платно на по­веќе адре­си: до гра­ѓан­ски­те здру­женија, факул­те­тите, пратениците, локалните самоуправи, политичките партии, инсти­туциите на државата, бизнис-секторот.