Проект на УНЕСКО и Хјулит Пакард
Заедно против “извозот на мозоци”
УНЕСКО и американскиот компјутерски гигант “Хјулит Пакард” ќе реализираат проект за прекин на “извозот на мозоци” од Албанија и од Македонија и формирање заеднички врски меѓу универзитетите во Југоисточна Европа. УНЕСКО планира да ги поврзе универзитетите во Тирана и во Скопје преку компјутерска технологија како дел од проект што чини 60 милиони долари, започнат во 2003 година.
Во него се вклучени пет универзитети во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Србија и Црна Гора.
“Во изминатите десет години државите од ЈИЕ настрадаа и од емиграцијата на речиси 70 проценти од добро обучените професионалци под 40-годишна возраст што ги наруши научните истражувања и капацитетите за високо образование во многу универзитети”, се вели во соопштението на организаторите на проектот. Ж.Ѓ.
|
|