Аким Штајнер, новоизбран директор на Програмата за екологија на Обединетите нации
Екологијата е значаен сегмент во сите сфери на општественото живеење
Аким Штајнер е новиот директор на Програмата за екологија на Обединетите нации (УНЕП), а едно од неговите последни официјални појавувања како директор на ИУЦН (Светска организација за зачувување на природата) беше на меѓународната конференција „Проценување на екосистемите и искоренување на сиромаштијата” што се одржа кон крајот на април во Копенхаген, Данска, во организација на Ком+Алијанс и данското Министерство за надворешни работи, каде и се водеше овој разговор.