Форум

Можеме ли заедно да ја совладаме сиромаштијата?


Во ова издание на „Граѓански свет“ отвораме можност за гласно размислување на тема „Можеме ли заедно да ја совладаме сиромаштијата“. Можат ли заедно граѓаните, преку активностите во невладините организации и државните институции, заедно да се соочат со проблемот кој ги засега сите, без разлика на возраста, полот, етничката или верската определба?

Доколку и Вие чувствувате потреба да учествувате во Форумот, да ги размените своите мислења, сугестии и ствови,  тоа можете да го направите на страниците www.graganskisvet.org.mk или на www.civicworld.org.mk.

При тоа, потребно е да го наведете вашето полно име и презиме, како и името на здружението, доколку некаде сте член.

Гордана Тренкоска, Сојузот на организациите на жените на Република Македонија

“Спроведувањето на конкретните мерки  на политиката за намалување на  сиромаштијата и невработеноста од страна на институциите на системот, може и потребно е да  биде во коорди­нација  и соработка со здруженијата  на граѓани. Граѓанските организации, како иницијативи од страна на  граѓаните на Република Македонија, можат да  дадат насоки за таргетирање на одредени мерки  на економската политика на краток и на долг рок. Работата на граѓанските организации може во многу нешта да помогне во подобрувањето на  животниот стандард и работниот статус на граѓаните”


Бехи­џудин Шехапи, Хуманитарна организација „Ел хилал“

„Борбата против сиромаштијата останува главна преокупација на невладините организации, особено на тие со хуманитарен карактер. Невработеноста, нивото на образованието, неадекватната здрав­ствена и социјална заштита, се битни елементи кои доведуват до сиромаштијата.

Како промотори на гласот на сиромашните,  хума­нитарните организации остануваат единствени, кои во државава сериозно се занимаваат со над­минување на овој феномен, кој го забавува развојот. Имајќи предвид, дека невладините организации перманентно работат со категоријата на сиро­машните граѓани во разни сегменти на нивното дејствување, неопходно е да се соработува со нив за соочување со оваа проблематика. Хума­нитарните организации имат поблизок контакт со сиромашните и несоомнено можат да понудат поадекватни решенија за давање услуги на оваа категорија и да ги идентификуват нивните најважни проблеми, бидејќи со нив често контактират и се присутни во нивните живеалишта. Во овој контест, сакам да истакнам, дека следењето на искуството на секторот НВО  од Европа кој го  мина процесот на транзиција е не­опхо­дно. Един­­­ствено, пар­­­тнер­ството на сек­торот НВО , со вла­ди­ните инсти­ту­ции, може да прет­ставува на­деж за ели­ми­ни­рање на мно­гу човечки тра­ге­дии, бидејќи ог­ром­ните финан­сиски и други мож­­ности на институциите во системот од една страна, и огромните можности на секторот НВО  да иницират и да промовират активности со сиромашните слоеви од друга страна, се една симбиоза, која во голема мера може да придонесе за намалување на сиромаштијата.