ПРОЕКТ „шКОЛА ЗА ДЕМОКРАТИЈА“

Десет “демократски” тетратки

Во втората половина на јуни ќе излезат од печат десетте тетратки по демократија, како дел од проектот „школа за демократија“  кој го иницираа и го спроведуваат Инсти­тутот за демократија, солидарност и цивилно оп­штество (ИДСЦО) и Фон­дацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Проектот е финансиран од Британската амбасада и од ФИООМ. Тетратките ги изготвува тим составен од експерти, студенти, активисти на НВО и инди­видуалци, а нивната цел е да придонесат кон развојот и усовршу­вањето на демо­кратските процеси во Репуб­лика Маке­донија. Тетратките ќе бидат отпечатени на седум јазици: маке­донски, албански, турски, ромски, влашки, српски и бош­њачки. Нивниот пристап е мошне ори­гинален – терминологијата и идеологијата на демо­кратијата да ја претстават низ перцеп­цијата на обичните луѓе – сла­доледџијата Диме, пиљарката и трговец Ермира, луѓето кои ги сретнуваме во нашето маало, на пазар, шетајЌи се во недела низ парк... И, како што се вели во воведот даден за овие тетратки, нивната цел е на граѓаните да им покажат дека демократијата може и да се научи, но и да се развива, бидејќи не е „завршено слово“, затоа што „човековата способност за правда ја прави демо­кратијата можна, додека човековата склоност кон неправда ја прави неоп­ходна“, и поради многу други причини.

Кон лесната читливост и атрактивност на тетратките при­донесува и нивниот ори­гинален дизајн, дело на дизајнерскиот тим од „Кома лаб.“.                                   

М.И.