МЦМС

Граѓански практики

Македонскиот центар за меѓу­народна соработка го издаде првиот број на пуб­ли­кацијата “Гра­ѓан­ски прак­­­­тики” од еди­цијата “Граѓанско оп­штество”.

Книшката е посветена на 100-годиш­нината од Илин­­­­­­ден­ското востание, а во неа се објавени пет авторски трудови на темите поврзани со граѓанската иницијативност во периодот од изми­натите 100 години и со тран­спарен­тноста и отвореноста на граѓан­скиот сектор.

Како што стои во предговорот на првото издание на “Граѓански практики”, оваа едиција е придонес кон подоброто разбирање на граѓанското оп­штество. “Граѓанските практики” треба да ја подобрат изградбата на одомаќени концепти и практики на граѓанското општество во Маке­донија.