СЛЕВАЊЕ НА МАРГИНИТЕ

Териториите на Игор Тошевски

Игор Тошевски, во рамките на проектот “Слевање на маргините” на здружението Контрапункт, реализира проект во кој на свој специфичен фотографски израз пренесува различни асоцијативни пораки врзани со ограничените простори, границите и териториите - од чисто уметнички до политички. Изложбата на фотографиите на Тошевски беше отворена во Културниот центар “Точка” во Скопје.

На фотографиите, снимени на различни простори во Скопје, Неготино, Струга и други градови, Тошевски исцртува “свои” територии, а секое движење, звук или мисла кои влегуваат во нив ги смета и прогласува за автентична уметничка креација. Проектот “Слевање на маргините” е поддржан од Швајцарската програма за култура, преку “Про хелвеција”.

М.И.