Србија и Црна Гора
Барање за пристап до информации од јавно значење
Здружението на граѓани “Транспарентност - Србија”, со желба да го истакне користењето и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавно значење, поднесе барање со истоветниот текст за пристап до информации на републичките, покраинските и градските органи, до јавните претпријатија и институции, кои биле обврзани до 13 декември оваа година да одредат едно службено лице за да постапи по барањата за пристап до информации. Податоците кои ги собираат од органите на власта, Транспарентност - Србија ќе ги спроведува по истекот на законскиот рок за одговор заедно со другите граѓански организации, членовите на Коалицијата за слобода на инфромирањето, а здружението на граѓани ќе учествува и на други акции чија цел е реализирање на правата на пристап до информации.
Г.Ш.
|