Промовирана книга со исповеди на луѓе од поранешна СФРЈ
„Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо“Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо”, е насловот на книгата којашто содржи потресни сведоштва на луѓе кои ги преживеале војните на просторите на поранешна Југославија. Во книгата се пренесени над четириесетина “директни” интервјуа со луѓе од сите краеви на поранешна СФРЈ кои зборуваат за војната и можностите за изградба на мир на овие простори. Луѓе на возраст од 19 до 81 година, со различни професии, години, пол и вероисповест, зборуваат за тоа како гледале и гледаат на војните, кои, во деведесеттите години ги потресоа народите од поранешните ју-републики. |  |
|