Кампања на “Транспарентост Македонија”

Картички со провокативни прашања до власта

Преку бесплатни картички со провокативни пра­ша­ња до власта, граѓанската организација “Тран­спаретност Македонија” се обиде да на­пра­ви притисок власта да го донесе законот за пристап до информации. Граѓаните пополнија картички на коишто стоеја прашања од типот: “Колкава е платата на...”; “Кој го до­би тендерот за...”; “Колку е загаден воз­духот во...”; “Кој го доби работното место во...”; “Колку пари се потрошени за...” и сл. Во рамките на еднодневната промоција на овие картички, како дел од кампањата за промоција на законот, скопјани се потпишуваа и во книгата со потписи, каде им оставаа различни пораки на поли­ти­чарите. Картичките ќе им бидат испратени на министрите во Владата и по­ли­ти­чарите во Собранието. По 35 години поминати во Париз, Бранко Кодриќ се вра­тил во Македонија. Тој беше во толпата луѓе коишто ги пополнуваа картичките. “Би му порачал на Муратовски да поведе сметка за работникот, ако веќе се бориме за Европа треба да постои некој стандард, да се подобри вработувањето на секој граѓанин, а се­кој ученик да има пристап до книгите. Сега политичарите работат во завиена форма, а народот не знае за тоа” вели Кодриќ. “Ме­­не ми е најинтересно прашањето за тоа колку пари се потрошени за... Тоа би ги прашал политичарите, бидејќи луѓето егзистенцијата ја гледаат преку пари. Ваква иницијатива со картички би требало да постои секаде, во сите градови за да мо­жат луѓето да ги кажат своите маки”, рече пензионерот Милош Богоев. Слично размислува и Не­џат Рахман, кој работи во Градежното претпријатие “Бетон”. “По медиумите слушаме што прави власта, додека народот трпи за леб. Поли­ти­чарите само се менуваат еден по друг, а работите за нас, обичните смртници, стојат. Министрите сe што прават, работат за себе, а не за нас. Кој ќе ми помогне мене со мизерна плата од 6.000 денари”, нагласува Рахман. Меѓу другите работи, тој би го прашал градо­на­чал­никот на Гази Баба каде ги троши парите од народот и што прави за да ја подобри си­ту­ацијата со воздухот.

Зоран Јачев од “Транспарентност Македонија” јавно ја праша Владата зошто доц­ни донесувањето на Законот за прис­тап до информации. “Ако за некој закон се вели дека дошол пет до дванаесет, то­гаш за овој закон е дојдено дванаесет и дваесет”, оцени Јачев. Тој рече дека иако законот ги поминал сите филтри во про­цедурите, сепак тој сe уште не се разгледува во Собранието. Претставниците од “Транспареност” не се задоволни од потегот на Владата којашто претходно им го вратила законот на доработка поради тоа што не го прифатила делот во којшто се бара формирање посебна комисија што ќе го надгледува спроведувањето на законот. “Ако нема некој што ќе биде титулар на законот, тогаш која е причината за негово постоење”, додаде Јачев.              Ж.Ѓ.

Преку бесплатни картички со провокативни пра­ша­ња до власта, граѓанската организација “Тран­спаретност Македонија” се обиде да на­пра­ви притисок власта да го донесе законот за пристап до информации. Граѓаните пополнија картички на коишто стоеја прашања од типот: “Колкава е платата на...”; “Кој го до­би тендерот за...”; “Колку е загаден воз­духот во...”; “Кој го доби работното место во...”; “Колку пари се потрошени за...” и сл. Во рамките на еднодневната промоција на овие картички, како дел од кампањата за промоција на законот, скопјани се потпишуваа и во книгата со потписи, каде им оставаа различни пораки на поли­ти­чарите. Картичките ќе им бидат испратени на министрите во Владата и по­ли­ти­чарите во Собранието. По 35 години поминати во Париз, Бранко Кодриќ се вра­тил во Македонија. Тој беше во толпата луѓе коишто ги пополнуваа картичките. “Би му порачал на Муратовски да поведе сметка за работникот, ако веќе се бориме за Европа треба да постои некој стандард, да се подобри вработувањето на секој граѓанин, а се­кој ученик да има пристап до книгите. Сега политичарите работат во завиена форма, а народот не знае за тоа” вели Кодриќ. “Ме­­не ми е најинтересно прашањето за тоа колку пари се потрошени за... Тоа би ги прашал политичарите, бидејќи луѓето егзистенцијата ја гледаат преку пари. Ваква иницијатива со картички би требало да постои секаде, во сите градови за да мо­жат луѓето да ги кажат своите маки”, рече пензионерот Милош Богоев. Слично размислува и Не­џат Рахман, кој работи во Градежното претпријатие “Бетон”. “По медиумите слушаме што прави власта, додека народот трпи за леб. Поли­ти­чарите само се менуваат еден по друг, а работите за нас, обичните смртници, стојат. Министрите сe што прават, работат за себе, а не за нас. Кој ќе ми помогне мене со мизерна плата од 6.000 денари”, нагласува Рахман. Меѓу другите работи, тој би го прашал градо­на­чал­никот на Гази Баба каде ги троши парите од народот и што прави за да ја подобри си­ту­ацијата со воздухот.

Зоран Јачев од “Транспарентност Македонија” јавно ја праша Владата зошто доц­ни донесувањето на Законот за прис­тап до информации. “Ако за некој закон се вели дека дошол пет до дванаесет, то­гаш за овој закон е дојдено дванаесет и дваесет”, оцени Јачев. Тој рече дека иако законот ги поминал сите филтри во про­цедурите, сепак тој сe уште не се разгледува во Собранието. Претставниците од “Транспареност” не се задоволни од потегот на Владата којашто претходно им го вратила законот на доработка поради тоа што не го прифатила делот во којшто се бара формирање посебна комисија што ќе го надгледува спроведувањето на законот. “Ако нема некој што ќе биде титулар на законот, тогаш која е причината за негово постоење”, додаде Јачев.     

Ж.Ѓ.