Право на пристап до информации од јавен карактер

Инструкции за добивање информации и јакнење на свеста

На 16 септември 2006 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше средба на која 123 субјекти - баратели на информации од јавен карактер добија инструкции како да го остварат правото да добијат ваков вид информација. Барателите своите барања ќе ги поднесуваат до оние кои ги имаат (поседуваат) информациите на локално ниво.

Целта на овој вид обука е да се измери степенот на спроведувањето на  Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Извештајот од набљудувањето ќе биде јавно промовиран кон крајот на годинава. Ова е само една од активностите кои ФИООМ ги презеде за промоција на правото на пристап до информациите од јавен карактер и за спроведување на Законот кој го регулира ова право. Фондацијата објави и флаери, вметнати во неколку дневни весници, со кои го промовира ова право и ја јакне свеста на граѓаните за простапот до информациите од јавен карактер.

М.И.