ИзвеШтај на ИНТРАК
Масовното финансирање од Балканот оди во Иран и Авганистан
Последниот билтен на Меѓународниот центар за обука и истражување - ИНТРАК ги анализира предизвиците со коишто се соочуваат граѓанските организации во однос на географијата на промените во помошта. Во својата статија, авторот и директор на ИНТРАК, Брајан Прат, забележува дека на масовното насочување на финансиите на Балканот му се ближи крајот. Наместо тоа, фондовите за помош се слеваат во Ирак и Авганистан. Забележана е уште една промена во смисла на влез на нови играчи во светот на донаторите, паралелно со ширењето на ЕУ на исток и со обврската на потенцијалните членки да креираат сопствени програми за помош. Статијата, понатаму, ги истражува трендовите на граѓанскиот сектор во развиените земји, како и во земјите во развој кои стануваат се позависни од различните форми на даночно базираното официјално финансирање. И, на крајот, нови можности и кандидати за финансирање од страна на ЕУ се на повидок за меѓународните граѓанските организации, додека локалните, би можеле да најдат нови донатори со многу поразлични приоритети коишто ќе отвораат канцеларии во нивните земји. Целосната статија можете да ја погледнете на http://www.intrac.org/intrac/ontrac26.pdf.
Т.Х.
|