Сојуз на организациите на жените на Македонија

Националната СОС-линија за жртви на семејно насилство 15700

Во рамките на активностите на Сојузот на организациите на жените на Македонија започна да функционира На­ци­о­нал­на­та СОС-линија за жртви на семејно насилство - 15700. Линијата е овозможена со поддршка од  Министерството за труд и социјална политика и ја опфаќа целата територија на земјата. Таа им обезбедува 24 часа услуги за жртвите на се­меј­ното насилство, како и шелтер-услуги во акутни ситуации.

Националната СОС-линија за жртви на семејно насилство 15700 соработува со сите овластени институции коишто обе­збедуваат поддршка за жртвите, како што се: по­ли­цис­ки­те станици, центрите за социјални грижи и други за­ин­те­ре­си­рани страни кои се занимаваат со проблемот на до­маш­но­то насилство.   К.Б.