избор

Иднината на евроинтеграцијата (1)

И додека аналитичарите понудија низа мислења за тоа зошто новиот устав не успеа да ја освои поддршката од народот, останатите ги сфатија гласовите против како неизбежна, растечка болка која ќе побара од европските лидери да се вратат на своите работни маси

Оваа недела, резултатот од референдумите во Франција и Холандија беше “против” за пред­ло­жениот устав на Европската Унија, комлек­сен и преопширен документ, кој треба да ги замени постоечките договори што ги обврзуваат неј­зи­ните 25 земји членки да создадат потесно поврзана  и поефикасна унија. Додека насловите во целиот свет песи­мистички ја објавија смртта на Европа, интеграциските побрзаа да го одбранат документот и да го обезбедат, во каква би­ло форма, неговиот опстанок. И додека аналитичарите понудија низа мислења за тоа зош­то новиот устав не успеа да ја освои поддршката од народот, останатите ги сфатија гласовите против како неизбежна, рас­теч­ка болка која ќе побара од европските лидери да се вратат на своите работни маси. Ова, велат некои, не е во целост лоша работа, особено ако се земе предвид дека се започнува еден толку голем и значаен проект како што е евроинтеграцијата - и кој во крајна линија би довел до по­цвр­ста и попожелна Европска Уни­ја.

Документот

Оваа недела гласот “против” не­дво­смислено беше удар за технократите во Брисел, кои, велат критичарите, изгубиле секаков чус­тво за народите коишто ги прет­ставуваат. Додека од една стра­на се чини јасно дека големата визија на по­ранешниот претседател на Фран­ција, Валериј Ги­с­кард Дестеин - еден од главните “архитекти” на договорот, да се создаде повелба која нема многу да се разликува од уставот на САД, доживеа брза смрт, документот што беше одбиен од стра­на на француските и на холан­д­ските гласачи беше многу понезначаен, се согласуваат многумина. Како што бе­ше изнесено во извештајот на Кришчн сајанс монитор (Цхристиан Сциенце Мони­тор), документот не претставуваше “ниш­то повеќе од едно корисно поедноставување на посто­еч­ките договори на ЕУ, начин да се олесни работењето на гломазните 25 членки на ЕУ, а на Европа во целост да & се даде даде повеќе енергија за нејзината над­во­реш­на политика.

Според весникот Економист (Тхе Ецономист), главните параметри на уставот вклучуваат укинување на правото на вето на националните влади во многу поли­тич­ки области на политичко уредување со цел да се за­бр­за процесот на донесување одлуки; тоа се овозможува преку воспоставување постојан претседател и министер за надворешни работи (за разлика од сегашното ротирачко претседателство), со цел да се зголеми глобалното влијание на ЕУ; намалување (редуцирање) на Европската комисија (централната бирократија на Унијата во Брисел); и давање поголема моќ на директно избраниот Европски парламент. Иако целите имаат свои доблести, многу аналитичари ги обвинуваат европските лидери дека не успеале да ги “продадат” истите. “И покрај заслугите на својата содржина, тоа е тежок текст за дикусија”, рече новинарот на Гар­ди­јан (Гуардиан), Сајмон Џефри. “(Уставот) како про­извод на компромиси постигнати на конференции (од типот на разно-разни самити), слично како и пос­то­еч­ка­та конвенција, е комплексна, бирократска и ‘само­у­ре­дувачка’ рамка. Во една реченица од документот се вели: ‘Европската Унија создадена според овој дого­вор ќе биде следбеник на Европската Унија создадена според Договорот на Европската Унија и на Европската Заедница.”

2 јуни 2005, од Роберт Нолан, Асоцијација за надворешна политика