публикации

Монографија “Аутизам”

Монографијата „АУТИЗАМ” од авторот Владимир Е. Трајковски, Институт за дефектологија при Филозофскиот факултет Скопје, е прво издание од ваков вид во Македонија. Таа претставува прв обид за покомплексно проучување на етиологијата и епидемиологијата на проблемот аутизам.

Книгата е наменета за дефектолози, доктори по медицина, психолози, соци­јални работници, психијатри, невролози, педијатри, епидемиолози, имунолози, а може да послужи и како учебно помагало за студентите на Институтот за дефектологија и Институтот за психологија при Фило­зофскиот факултет и студентите од Меди­цинскиот факултет во Скопје.

 

Граѓански практики
Волонтерство и човекови права

МЦМС го издаде новиот број на Граѓански практики посветен на Волонтерството во Македонија и на Заштита на човековите права низ меха­низмите на граѓанските орга­низации.

И двете теми поттикнуваат на размислување за повеќе отво­рени прашања  кои не се ексклу­зивно пов­рзани со гра­ѓанското организирање. Авто­рите нудат или упатуваат на не­кои од одго­ворите.

 

Преглед на даночните закони што имаат влијание на граѓанските организации во ЦИЕ

Во рамките на НВО Саемот -4 Форум на граѓанското општество во Македонија, Македонскиот центар за меѓународна соработка ја промовираше книгата “Преглед на даночните закони што имаат влијание на граѓанските организации во ЦИЕ” во издание на Меѓународниот центар за непрофитно право (ИЦНЛ) и МЦМС. Ова е второ издание (првото беше објавено во 2001 година) и е резултат на експертизата дадена од правници и претставници на граѓанските организации од Централна и Источна Европа. Публикацијата содржи преглед на постојаните даночни закони што се однесуваат на непрофитните, граѓански организации во правосудствата на 16 земји од ЦИЕ.