Здружение „Нов Живот“ - штип

Едукација за ракот на дојката

Светската недела за борба против ракот, Здружението за борба против малигни заболувања “Нов живот” од Штип, ја посвети на подобра информираност и едукација на жените за ова зло кое се заканува да го одржи приматот на најголемо и во новиот век. Здружението подели 1500 лифлети и брошури на теми: “Карцином на грло на матка”, “Самоконтрола на дојка”, пластични водичи за вршење на самоконтрола на дојка и брошури за психичка поддршка на заболени од рак на дојка.
“Нов живот” организираше и предавање на тема “Рак на репродуктивните органи кај жената” и две практични едукативни предавања за вршење на самоконтрола на дојка. “Нов живот” е единствената или барем една од ретките организации која практично ги обучува жените за вршење самоконтрола на дојките со помош на симулатор на дојка. Симулаторот за дојка е всушност модел на дојки изработен од 3Б материјал сличен на кожа. Овој материјал е дерматолошки тестиран силикон со особено реалистичен изглед. Симулаторот илустрира одредени аномалии на дојките кои може да се појават (бенигни и малигни тумори), а кои можат да се почувствуваат со допир.
- Симулаторот го користиме за демонстрирање на самопреглед за време на едукативни предавања - ни рече Виолета Ефтимова, претседателка на здружението. - Жените можат да почувствуваат како изгледаат одредени аномалии кои можат да се појават и навреме да ги откријат.                                                                           
Г.Ј.