ПОРТО АЛЕГРЕ-БРАЗИЛ
Петти светски социјален форум
Светскиот социјален форум за 2005 година ќе се одржи во Порто Алегре, Бразил, од 26 до 31 јануари. Светскиот социјален форум се појави како важен простор за дијалог помеѓу актерите на граѓанското општество посветен на алтернативната глобализација и идејата дека е “возможен поинаков свет”. Последниот Форум кој во јануари 2004 година се одржа во Бомбај, Индија го посетија околу 80.000 луѓе од повеќе од 130 земји и 2.660 организации. За повеќе информации околу почетокот на подготовките за настанот од 2005 година, посетете ја страницата хттп://њњњ.форумсоциалмундиал.орг.бр/хоме.асп. Информациите на веб-страницата се достапни на англиски, на шпански, на португалски и на француски јазик.
Т.Х.
|