Мобилизација на ресурси I
Мобилизација на ресурси наспроти мобилизацијата на фондови
Во овој и во наредните неколку броеви на Граѓански свет во рубриката онцепти ќе пишуваме за обилизацијата на ресурси, опфаќајќи ги нејзините концепциски основи, стратегиите за мобилизација на ресусри и различните начини на мобилизација на ресурси.
Мобилизација на ресурси наспроти фандрејзинг (мобилизација на фондови)
Меѓу здруженијата на граѓани во Македонија терминот фандрејзинг (мобилизација на фондови/пари) станува с$ попопуларен, проширувајќи го досегот од пишување предлог-проекти и аплицирање кај донаторите на нешто што вклучува и организирање различни настани и активности за прибирање донации од индивидуалци, бизниси и сл. Но и понатаму, главно се говори за прибирање финансиски средства. Ние сепак преферираме да зборуваме за мобилизација на ресурси, што подразбира проширување на мобилизација и на работи коишто секако ни се потребни/неопходни, а не се пари.
Се разбира с$ има своја цена на чинење и на крајот и тие работи/ресурси во буџетот ќе ги прикажеме преку нивната финансиска вредност. А некои велат „со пари може да се купи с$”, па според тоа овие два концепта би можело да се поистоветат. Но се чини дека не е и не може да биде така, посебно во контекстот кога македонските здруженија на граѓани се повеќе ќе треба да се свртуваат кон домашната поддршка.
Намерата на нашите организации е да ги спроведуваме планираните активности, да ја остваруваме нашата мисија и да ги постигнуваме зацртаните цели. За тоа е неопходно да ги обезбедиме/мобилизираме планираните ресурси. До нив можеме да дојдеме преку фондови обезбедени со донација, но секако, ако не повеќе, барем еден дел можеме да ги обезбедиме во друга форма. Сигурно е дека во наши услови за многу локални поддржувачи на нашата работа е многу тешко или невозможно да обезбедат донација во кеш, но се расположени да придонесат со добра, услуги, експертиза, волонтерска работа и сл.
На пример многу е веројатно дека не можеме да очекуваме значајни парични донаци од локалната самоуправа, имајќи ги предвид малите и ограничени буџети на поголем број од нашите општини. Но многу од општините ќе имаат можност и слух да обезбедат простор во кој може да се сместат канцелариите на некоја локална граѓанска организација. А таа ставка не е ни најмалку за потценување во годишниот буџет за секоја организација.
За многу наши активности многу повеќе ќе значат неколку реда напишани во некој дневен весник отколку финансиска донација од истиот. А да не зборуваме за тоа што пристапот до информации станува с$ поважен. Обезбедени свежи информации и ажурирани податоци можат да бидат многу вредна контрибуција за која некогаш и не се потребни пари или пак која некогаш со пари не може да се купи.
Многу проекти бараат поддршка од граѓаните, авторитетите и институциите и нивно застанување зад нашите ставови. На пр., организирање протести, потпишување петиции, промена на закони и сл. И тука клучна станува нашата кауза и како ние ја презентираме истата, колку е прифатена таа, колку сме моќни да мобилизираме луѓе, колку луѓето имаат доверба во нас, какви се нашите релации и комуникација. Односно, клучна станува нашата способност да го мобилизираме нашиот социјален капитал, нешто што која било донација не може толку едноставно да го обезбеди, нешто што свесно или несвесно сме го граделе од почетокот на постоењето на нашата организација. Во барањето локална поддршка социјалниот капитал добива с$ позначајна улога, а се чини досега не му посветувавме доволно внимание.
Поимник
Ресурси се сите работи, средства, кои имаат некаква економска вредност. Во терминологијата на проектниот менаџмент ресурсите се неопходни за да се изврши проектната задача и тоа може да бидат луѓе, опрема, простории, пари и сето друго што е потребно да се комплетира проектната активност.
Мобилизација на ресурси - процес на прибирање ресурси од провајдерите на ресурси со користење различни механизми за да се спроведуваат активностите на организацијата.
Фандрејзинг (мобилизација на фондови) - организиран напор, активност, процес на барање и прибирање пари преку донации од индивидуалци, бизниси, добротворни фондации или владини агенции. Иако фандрејзингот типично се однесува на напорите да се приберат фондови за непрофатните организации, понекогаш овој термин се користи и во смисла на барање инвеститори или други извори на капитал за профитни организации.
Сунчица Саздовска Раководител на дделението за граѓанско општество и демократија во МЦМС
|