ФИООМ

...Да не им се плашиме

Во издание на ФИООМ испечатени се и оригинални плакати и разгледници кои се во функција на кампањата „Моќта е во народот” (дел од нив се поставени на билборди низ целата држава). Испечатени се два вида картички - едни со алегорични илустрации на Дарко Марковиќ со популарниот Пецко (кој е и јунак на ТВ-спот, исто така изготвен како дел од кампањата), и другите со претстави на Грус Вом Крампус, митолошко суштество од европскиот фолклор, темниот слуга на Свети Никола, дизајнирани од Кома лаб.

Целта, како што стои на картичките, е на креативен и провокативен начин да се охрабрат граѓаните и да се преиспита широко распространетото сатанизирање на политиката во Македонија. Картичките се бесплатни, а се испечатени на на македонски, на албански, на турски, на ромски, на влашки, на српски и на бошњачки јазик