луѓе
МЦМС избра нов Управен одбор
На 16 декември 2004 година членовите на Советот на МЦМС го избраа новиот Управен одбор. Г. Мирко Спироски, досегашен претседавач на УО се повлече од функцијата. Тој беше дел од ова тело од основањето на МЦМС и со својот личен ангажман значајно придонесе за развојот на МЦМС, а на тој начин и за развојот на граѓанското општество воопшто.
Граѓанските организации во повеќе наврати ја потенцирале потребата од афирмирање на принципот на заменливост не само во нивните редови, туку во државата воопшто. Но, сепак примерот доаѓа од нивите редови.
Новите членови на УО на МЦМС се: Наташа Габер, претседавач на Управниот одбор на МЦМС; Драги Костадиновски, заменик-претседавач; Билјана Герасимовска, Свето Стефановски, Андон Марковски, Бехиџудин Шехапи, Мухамед Точи, Имер Селмани, Михаил Цеков и Зејнула Фазлиу членови на УО. На пригодна свеченост МЦМС им се заблагодари на Мирко Спироски, Теута Чучкова-Крашница и Букурие Бајрами кои досега беа членови на Управниот одбор.
Г.Ј.
|
|