ИзвеШтај на Христијанска помош (Christian Aid)
Вистинскиот лик на колективната општествена одговорност
Христијанска помош (Christian Aid) го објави извештајот за сликата на колективната одговорност на некои од најголемите светски мултинационални компании насловена како “Зад маската: вистинскиот лик на колективната општествена одговорност”.
Како што најавува насловот, на 60 страници долгиот извештај “Колективната општествена одговорност”, се разви во голема индустрија којашто ја промовира и ја подобрува јавната слика на некои од светски најголемите корпорации, но во исто време, не успева да им донесе вистинска корист на луѓето. Згора на тоа, во извештајот се тврди, дека реториката којашто ја користат овие компании ја прикрива колективната активност што во крајна линија ги загрозува заедниците во кои работат тие. Во извештајот, организацијата бара меѓународно регулирање на колективното однесување, за да се гарантира заштитата на правата на луѓето и животната средина во земјите во развој. Целосниот извештај е достапен на: http://www.christian-aid.org.uk/news/media/pressrel/040121p.htm.
Т.Х.
|