Владеењето и демократијата во БиХ

Последици од апсолутизмот кои не успеваат да се решат

Во својот најнов извештај, Европската иницијатива за стабилност потенцира дека неуспехот на апсо­лу­тис­тичкиот развој ја остави Босна и Херцеговина со огромни предизвици во поглед на развојот: работна сила обучена за работни места кои повеќе не постојат; инфраструктура создадена да им служи на претпријатија кои исчезнале; огромна неразвиеност на селата; цели населени места зависни од пропаднати индустрии.

“Иако Владата не треба да се обвинува за тешките последици, таа сепак носи одговорност за своте политики”, се вели во извештајот. Целосниот негов  текст е достапен на њњњ.есињеб.орг заедно со комплет корисни документи за босанската политичка економија, како и краток документарец кој ги прикажува ефектите од општествените и економските промени во една централна босанска општина (Босанска приказна).  

Босна и Херцеговина

Размена на идеии за Законот за слободен пристап на информации

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина ќе биде домаќин на серија регионални конференции за Законот за слободен прис­тап на информации (ФОИА), што ќе започнат во Мостар. Целта е да се овозможи размена на идеи и добри начини на работа во врска со промоцијата на Законот за слободен пристап до информации во општеството. Конференците тре­ба да обезбедат информации за граѓаните, претставниците на медиумите и граѓанските организации, за начините за користење на правата предвидени со законот и  за олес­ну­вање на контактот меѓу претставниците на општините во Херцеговина.
www.oneworld.net.


Г.Ш.

 
Косово

Зголемување на бројот на заболените од малигни болести

“Последиците од дејствувањето на бомбите со осиромашен ураниум во 1999 година стигнаа многу порано отколку што домашните лекари можеа да претпостават. Иако лекарите говореа дека првите последици од зрачењето на ураниумот по НАТО бомбардирањата на НАТО можат да се видат по 15 години, во некои делови на Косово бројот на заболените од малигни болести се зголемил за 200 отсто, тврди граѓанската организација “Милосрдниот ангел” од Косовска Митровица, која се занимава со следење на зголемувањето на малигните болести.
www.oneworld.net.


Г.Ш.


Србија и Црна Гора

Југот на Србија не им верува на ЗГ

Кога на една трибина на граѓанска орга­ни­зација на југоот на Србија ќе дојдат по­веќе од четириесетина граѓани, тоа се смета за мно­гу успешно. Повеќето граѓани на југот с$ у­ште не им веруваат на гра­ѓанските организации и мнозинството од нив  ги доживуваат како “странски платеници”.

Според последните податоци на ЦРНПС, на подрачјето на јужна Србија активно деј­ствуваат 167 гра­ѓанските организации, а според изјавите на граѓаните постојат привилегирани ЗГ во кои ло­кал­ните власти стекнале доверба и со кои работат на разни активности. Нега­тивните последици на тран­зи­цијата низ кои минува Србија, зборуваат ана­литичарите, нај­многу ги чувствуваат граѓаните на централна и јужна Србија. Градовите во кои ра­ботниците рабо­теле  во големи индустриски гиган­ти ста­на­ле “долина на гладот”.
www.oneworld.net

Г.Ш.