Хрватска

Препораки за зголемување на политичкото учество на жените

Центарот за едукација, советување и истражување (ЦЕСИ), врз основа на анализата на резултатите и однесувањето на политичките партии за време на изборната кампања, изработи Препораки за зголемување на политичката партиципација на жените, наменети за политчките партии.

Спрема наодите на ЦЕСИ, анализата од неодамнешните  изборни кампањи покажуваат дека политичките партии не се спремни да го зголемат бројот на жените во списоците, дека прашањата на родовата рамноправност се декларативни и многу конзервативни и ги ограничуваат жените на нивната репродуктивна улога. Партиите се исто така склони во текот на рекламите да ги потенцираат стереотипните прикажувања на жените како тие да се во поголема мера на товар на државата (студентките, мајките/родилките), а помалку како лица кои придонесуваат за развојот на земјите (претприемачки, бизнисменки, научници и  др).

Г.Ш.

Извор: онењорлд