8 Април одбележан и во Домот на АРМ во Скопје

Свечена академија и промоција на “Кратката историја на Ромите”

Во организација на Ромскиот културен и еду­кативен центар ДАРХИЈА од Скопје, Мрежата на ромските граѓански органи­за­ции “РНВО РОМА 2002, Македонскиот центар за меѓународна соработка - Ско­пје и ФИООМ на 6 април во Домот на АРМ во Скопје беше одржана свечена акаде­мија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 април. На академијата, освен присутните гости, претставници на домашни и стран­ски организации и институции, го­во­реше и д-р Рајко Ѓуриќ, автор на не­кол­ку збирки, прозни дела и истражувања од областа на  ромската култура и јазик, на тема “Ромите и историјата и новите трен­­дови за Ромите во Европа”. На Све­че­на­­та академија беше промовирана и дво­ја­зичната книга (на ромски и на македон­ски јазик) “Кратка историја на Ромите”, каде што освен д-р Ѓуриќ како ав­тор се ја­вува и Љатиф Мефаилескоро Де­мир. Кни­­гата е една од ретките книги за историјата на Ромите во светот и е пр­ва кни­га на оваа тема напишана на ромски ја­зик. Во оваа пригода на поединци, организации и установи им беше до­де­ле­на наградата 8 Април во знак на призна­ние за нивниот придонес во  подобрува­ње на вклученоста на Ромите  во македо­н­ското оп­штество, а пред гостите, дела од кла­сич­ната, ромската и македонската музика, изведе “ДАРХИЈА оркестро”.                                           К.Б.