ЛОКАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ – БЕРОВО
Туристички информативен пункт
Локалната агенција за развој од Берово отвори Туристички информативен пункт, кој има за цел да ги промовира, пропагира и афирмира природните и културните вредности на Берово и околината и да ги информира и насочува туристите кон туристичките атракции со кои изобилува овој крај.
Пунктот е сместен во убава дрвена куќичка која се вклопува во малешевскиот амбиент, а издаде брошура со корисни информации за сместувачките капацитети, рестораните, музеите и други институции и служби.
Овој туристички сервис е поддржан од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, Владата на Финска и УНДП – програмата за развој на Организацијата на Обединетите нации.
М.И.
|