ИЗБОР

 КРОКИ ЗА ГРАНИЧНИТЕ НАРОДИ

 Албанци, Црногорци и Срби

(суморен антрополошки поглед на зазадена тема)
Пишува: Јован Николаидис

Не постојат на Балканот народи кои повеќе наликуваат едни на други од оние кои ги спомнува насловот. И нема народи од Јужна Европа до Блискиот Исток кои оповеќе би се нервирале заради дадената компарација. Ниеден од нив не сака да си наликуваат, негувајќи анимозност еден кон друг и друг кон прв и трет кон прв... Србоцрногорските идеолози не ги сакаат ниту Црногорците ниту Албанците, како што ни српските националисти не ги сакаат Црногорците, а уште помалку Србоцрногорците – Албанците особено, црногорските шовени не ги сакаат Србите, а се мргодат и на Албанците, а албанските милитантно водачи не сакаат никого освен својата замислена големоплеменска илирска групација. А толку се СИТЕ слични што, покрај останатото, и заради тоа станале толкави непријатели едните кон другите. Исто така, ако постојат народи во Европа кои светот помалку и поповршно ги познава, тоа се, повторно, овие три народи. Овој покус текст ќе му пријде само на еден дел од тој комплекс на сродности, барајќи сличност во исфорсираните разлики, а разлики во демагошките наследства.


 1. а:  Србите и Црногорците за Албанците:
Сиот изминат век приказната за Албанците е приказна за печалбарите. Сите наши урбани средини ги имале нив како слаткари, сечачи на дрва и ефтина наемна сила. Која молчи, јаде леб и мармалада и има намуртено лице. Нивниот говор е лош, смешен, тие се мирни а имаат задни намери. Се дружат само меѓу своите и тогаш шепотејќи го употребуваат својот мајчин јазик. Во градовите на дел од бившата Југославија доаѓаат само средновечни мажи и старци, а некаде далеку живеат нивните жени и деца, за кои тие испоснички штедат. Околината ги прифаќа како луѓе од трет вид, а оттаму и дел на сомилост и површна симпатија кон тие суви, молчаливи аргати. Се заборава дека и Србите и Црногорците, усто така печалбарски нации, се исто така наклонети кон самособирања во новите средини, посебно на периферните делови на бившите царства на Балканот.
 б. Албанците за Србите и Црногорците:
Ако кон Црногорците и постои одреден степен на доверба (Црногорците се помалубројни и историски компаративните судбини одеа на рака на подносливоста на едните гон другите), со Србите Албанците, а и Србите со  Албанците, секогаш имале проблеми. Имало времиња, најмногу во периодот на ригидниот комунизам, кога разликите и недовербите ги поттикнаа стравовите од системот кому албанскиот, црногорскиот и српскиот национ му платија скапа цена, па од страв од уште поголема, и соживотот меѓу нив некако се организирал. Секое и малку полиберално време, пак, раѓаше нетрпеливост и анимозност. Историјата е полна со геноцидни чинови (глабно од Србите над Албанците), во кои интермецата биле исполнети со албанска одмазда и отпор, и се поголеми репресии на овие другите. Србите си правдаа со примитивизам и неблагодарност (како тие да им дале право на живот, школување и национално изјаснување), а Албанците со време дојдоа до национална хомогенизација која исклучува било каква соработка, а претходно да не биде решено државното прашање. Крунската сличност се огледа во новата тенденција на до вчера обесправените – наредните години ќе бидат исполнети со раст на великоалбанството, ќе се гласа за паролите: Албанците се сите и секаде, Албанците во една држава, една идеја секаде каде има Албанци...
 2. а:  Србите за Црногорците и Србоцрногорците:
Никогаш Србите не ги сметале Црногорците за народ: тие секогаш биле Срби со посебни обележја. Секој обид на Црногорците, особено по губењето на државата (Подгоричкото собрание 1918), да ги истакнат разликите, а да ги понудат сличностите, завршувал со глувата тврдоглавост на српскиот национален програм. За насреќа, Србоцрногорците (а кои се тие, најдобро ќе потврди секој, макар и погрешен увид во генезата на српскоцрногорските судири) стоеле како дежурна војска да дадат за право на српското потирање на црногорското и црногорското слугарење на српското. А разликата меѓу Србите и Црногорците – па тоа е нивната најголема сличност: замислуваат дека се поголеми одошто се и за си што им се случува – крив е друг. Гледајќи се во огледало, тие не се гледаат какви што се, туку какви што си замислуваат дека се. Црногорците се сите јунаци, иако не е така, а Србите се избрана формација на балканските Словени од кои почнува и завршува си. Приказните за небескиот народ, посебноста на духовните и карактерните знаци на расата... За жал: почна со сотирање на другите, ќе заврши со прождирање меѓу себе. Така завршуваат сите игри на недовршените. Навистина, навистина ви велам: за жал! Време има премногу за она што не чини. За она што чини, остана малку време.
1.Сите три народи, поголемиот дел на националните енергии го врзуваат за епскиот дискурс, историјата му робува на митот. Наму му се верува, од него се поаѓа во повеќето масовни движења од културата до влегување во војна, на епската матрица се воспитува во семејството, училиштата, фолклорните клубови. Епиката го одредува случајното раѓање и волното умирање. Од квазинародната песна до стадионите, од основношколската едукација до религистите панаѓури, епиката господари со народната волја. Од неа, како од врвна точка на упориште на народната енергија, како од Аладинова ламба, се извива митолошкиот образец. Талкањето низ квазиисторискиот простор од кого како обелисци се издигаат националните програми и романтичарските идеи за обединување. Сите три народи во таа колективна утопија и атропија се утопуваа без отпор. Затоа тие се народи чија социологија и култура ја карактеризира класниот феудализам и краен тоталитаризам. Политиката редовно им се обликувала во митоманија, а културата во традиционализам. Тоа се народи на популизмот, не поднесуваат елитизам, освен како идеја на народните водачи за да ги предводат. Затоа тие секоја пацификација на пробраните ја претвораат во милитаризација на избраните. Капиталистичкиот развој го почувствувале само на рабовите на развојот, станувајќи народи на границите, на метар од идеолошкото, а на милји од либералното. Колективниот дух никогаш не се преточил во индивидуален став, поединецот постои само како толкувач на масата, не толкувач на самиот себе си, па од физиогномијата на сите три народи останале кроки карикатури на валкани општествени уредувања, со кои раководат водачи, епски предводници.
2.Како народи на границата, ниту еден не успеал својот субјективизам да го омеѓи со националната држава. Казната заради која цело време сите останати во околината ги замараа со настојувањето да создадат таква држава, доцнејќи повеќе од век во она што другите народи го завршија за време или малку по Француската буржоаска револуција. Навистина, Србите и Црногорцитеимаа кнежевства и кралства, но си застана кога се почувствува потреба за формирање на буржоазија и потемелно граѓанско општество. Кога во Европа престанаа потребите за национални држави, бидејќи повеќето беа така конституирани, и државите станаа широки дворови на граѓанскиот свет без огради, на крстосниците на комуникациите и пронижувањата, нашите три народи сета енергија ја впрегнаа да го остварат анахроното и спроведат декадентното. Со тоа сосема погрешно (не само од аспект на човекови права во социоситемите и перспективите на цивилното општество) поимот матична држава го дефинираа како потреба од создавање на национална држава по принципот: сите во една држава, кога тој принцип повеќе никој од напредното човештво не можеше да им го одобри. Албанците во Србија така, речиси цело време матична држава им беше Албанија, а не Србија. На Србите од Краина, Лика и херцеговина, не Хрватска или Босна и Херцеговина, туку Србија, а Црногорците ја заборавија својата домаја пред братската трпеза на Србија и Војводина. На таа заблуда не &  одолеа ниту албанските националисти во Црна Гора и Македонија, српските националисти во Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, Хрватите во Босна и Херцеговина. Муслиманите-Бошњаци се посебен проблем бидејќи ги има во сите републики на бившата СФРЈ, а се значаен рабен национ во Србија, Црна Гора и Косово. За време и по војната во Босна, загубена е волјата за соживот и Сараево стана нивната балканска Мека... Балкански рашомон!
Таквото незнаење, помогнато од националните идеологии од кои ликот на Слободан Милошевиќ е без конкуренција зацртан на релјефот на балканската несреќа, произведе многу војни и неколку геноциди. Српската православна црква и интелегенцијата-шпекуланти од Матица српска, се виновници за силните преселби на Србите од Краина и Босна. Недолго потоа, ја почувствуваа фаталната грешка на непознавањето на поимот матична држава, кого го поистоветуваа не со граѓанското чувство на државата, туку со територијално, религиско и национално.
3.Сите три народи беа подеднакво и жрви и џелати на комунистичката идеологија, прифаќајќи доста доброволно приказната за општата правда да им ја замре потребата за еманципирање. Својот развој го утопија во идеологијата за општата среќа, а императивот на светскиот пролетаријат ја замени нивната религиска посебност, националната недефинираност и општественополитичката квазиконституитивност. Се прескокнаа себеси. Олигархијата вешто се послужи со тезата за братството на светскиот пролетаријат. И денс, не баш слаби, се јавуваат и кај Албанците, и кај Црногорците и Србите, неокомунистичките тежненија, главно со милитантни апетити, наоѓајќи поддршка во народот кој остана недоречен и недовршен, склон на манипулации за еднаквоста и доброто и праведноста над злото. Најголемиот дел на припадниците на тие народи се најчувствителни на поимот на правдата, се палат на приказната за криминалот и ја прифаќаат матрицата за борбата за општото добро, речиси подготвени да се вратат во бездната, каде веќе е погребан комунизмот.
4.Албанците, Црногорците и Србите, без да ги развијат доволно цивилните облици на живеење, од државата бараат општа правда и ослободување од другите и во државата ги наоѓаат сите одговори за својата распусност, неамбициозност и колективен занос. Мало е растојанието меѓу поимот народ и поимот племе. Бидејќи, законот на цивилизираните општества, според нив, не е створен за да се почитува туку за да се злоупотребува и да ги штити, институциите на системот се тука за да ги бранат и хранат, а не за да ги скротуваат и усмеруваат. Не сфаќајќи дека граѓанинот е носител на суверенитетот, а не национално суштество и колектив.
5.Ниеден не ја разви доволно средната класа, а демократијата ја прифаќаа како анархија. Не сметајќи ги малкумината српски граѓански енклави во 19 век (главно во Војводина), сиот простор каде живееја Албанците, Црногорците и Србите, е рурална територија, простор на мали паланки со малограѓанство, селани, субкултура и фолклор. Во 20 век, пристигаа, како епидемии, разни идеологии, со крунскиот комунизам последниот половина век, чија ерозија ја дочекуваше војна по војна, си на си - народните вредности де деградирани, моралот е деформиран, образованието банализирано, работата и вредностите на трудот презрени, но затоа национализмите на сите три народи досегнаа сотонска снага. Надвор од нацијата нема ништо, освен другата нација, освен третата нација, а зад нив, како недоносчиња, незрели барања за формирање на државички без закон и закон без верба во него. Институционалното се конституира за да се уништи, а популистичкото се повикува за да му се улизува. А токму средната класа би била регулатор меѓу посакуваното и стекнатото. Таа, пак, не можеше да се развие кога ниту капиталот (не земајќи ја предвид неговата моторна снага на експлоатацијата), го немаше природниот след од светоста на приватната сопственост до нужноста на државната сопственост. Затоа не постои доволно развиено чувство за општото добро, додека пак е многу развиено чувството за грабање, а јавното мислење е само срамежливо девојче на строги родители. На крајот, ниту патриотизмот не е јасен, бидејќи е народна склоност за немарност и ајдучење, дополнета со наопачка љубов за својот народ, ретко со обврска кон својата татковина, што патриотизмот единствено и е.
6. На крај, не заживеа ниту поимот на локалната управа. Живеејќи, добар дел на народот, на работ на цивилизацијата, со груби масовни преселби од села во град, и полулумпенпролетаријат кој се бутка во градовите, а се раширил на село, ниту ваму нит таму целосно, не можел да го оспособи своето колективно битие за духот на градот како нуклеус на слобосното и самосвесно жевеење на поединецот, во рамките на регулативите кои ја ефирмираат дисциплината а ја санкционираат распојасаноста.
И сега сме на крајот на патиштата кои завршуваат со големата крстосница. На неа има силен метеж. Треба трпение, не само од меѓународните фактори, туку и од новите политички структури на сите три народи, да се канализира распусната енергија. А таа ќе се усмери во оние насоки кои ги повторува веќе цела деценија цивилизираниот свет, терајќи ги распуштените деца да седнат во клупите и да ја посркаат зададената лекција. Демократијата, граѓанското општество, човековите права. Заштитата на малцинските права од страна на мнозинството и дисциплината на малцинството пред мнозинството. Слободата на човекот во општеството на воспоставена законодавна власт, со желба на заедницата да ја следи. Правото на поединецот во хармонија со правото на колективот. Природното право и општественото право во симбиоза. Преведноста на власта како последица на консензус кон неа од  заедницата со која владее. Респектот кон другиот, поинаквото, условен со изграден респект кон себеси. Својата слобода е здрава ако се афирмира со слободата на другите.
Албанците, Црногорците и Србите се слични народи. Се познаваат едни со други. Треба да се стори си за да се засакаат едни со други. Ако веќе не можат да живеат едни со други, нека барем живеат цивилизирано едни покрај други. На таа надеж новиот Балкан &  отвора врата.
(„Хелсиншка повелба” – Гласило на Хелсиншкиот
одбор за човекови права во Србија, март 2001)