Конференција на “МОСТ” во Струга
Изборниот законик треба да се менува
Граѓанската асоцијација „МОСТ”, во соработка со Министерството за правда на РМ и Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, летово во Струга одржа тридневна конференција за подобрување на изборниот процес и надминување на изборните нерегуларности. Учесниците на Конференцијата се согласиле дека фер и демократски изборен процес е предуслов за социјално-политичка стабилност и развој на секоја држава, особено кога станува збор за младите демократии, како што е случајот со Република Македонија. Според нив, изборните процеси спроведени во државата покажале дека има голем број недоследности, како во самата законска регулатива, така и во нејзиното спроведување. Во таа смисла, како општ заклучок од Конференцијата се наметнала потребата да се проговори за промени на Изборниот законик.
Крајната цел на дискусиите на Конференцијата била да се добие збир од амандмани на Изборниот законик за да се обезбеди посилна институционална и законска рамка за ефикасно спроведување на изборниот процес.
Т.Д.
|
|