Србија

Кој ги информира граѓаните за работата на општините

Здружението на граѓаните Центар за модерни вештини од Србија го спроведе истражувањето во сите општини во земјата за постоењето на службите за информирање. Резултатите веќе на самиот почеток јасно зборуваат за состојбата во оваа област: 76 општини (46 отсто) имаат или служби или лица задолжени за информирање на граѓаните. Во 91 општина нема ниту служби ниту службеници со таква задача. 

Промовирајќи ги правата на граѓаните за јавно информирање, Центарот предлага со новиот закон за локална самоуправа да се дефинираат обврските, во општините да се одреди позиција на менаџер за односи со јавноста.

Г.Ш.

Извор: Онењорлд