Центар за економски истраЖувања и за постдипломски студии

Докторска програма по економија

Центарот за економски истражувања и за постдипломски студии ЦЕРГЕ (ЦЕРГЕ) - Економски институт (ЕИ) нуди програма за докторски студии по теоретска и применета економија за стек­нување докторска диплома која е целосно признаена во Соединетите Американски Држави и во Република Чешка. , Прага. Крајниот  рок за аплицирање е 30 март 2004  Докторската програма се состои од двегодишни предавања, по кои следува двегодишно дизертациско истражување под супервизија. Работен јазик на институцијата е англискиот. ЦЕРГЕ-ЕИ ги поттикнува своите студенти да извршат дел од дизертациското истражување во некоја од партнерските инсти­туции во западна Европа или во северна Америка, како и да учествуваат во заедничките истра­жувачки проекти во други земји. Повеќето студенти добиваат настава и стипендии за максимум четири години студии - за што не е потребна посебна апликација. Избраните кан­дидати ќе бидат поканети да учествуваат на подготвителниот семестар во јули и август, кој ќе биде од натпреварувачки карактер, по кој ќе се донесе конечната одлука за прием. Студентите можат да бараат покривање на патните трошоци. Барањето за таков грант треба да се приложи заедно со формуларот за апликација и треба во слободен формат јасно да ја објасни потребата од таков грант.  Дипломците на ЦЕРГЕ-ЕИ имаат извонредни можности за вработување. На пример, за  нашите бивши ученици има места во владините министерства како политички совет­ници, главни еко­номисти во меѓу­народни банки, ка­ко академици на универзитети и ис­тра­­­­­жувачки ин­ституции насекаде во светот, како и во мултинационални корпорации.  За по­веќе информации посетете ја веб-страницата : http://www.cerge-ei.cz/phd/