Кампања

“Пралипе” од Крива Паланка се вклучи во “Клучот е во нашите раце”

Во контекст на кампањата „Клучот е во нашите раце” за вклучување на ромските деца во воспитно-образовниот систем во Македонија, активно се вклучи и Здружението на граѓаните за просперитет на Ромите „Пралипе” од Крива Паланка. Кампањата се реализира со цел да се мотивираат првачињата и нивните родители од ромската заедница да се запишат нивните деца во прво одделение, но истовремено да се дејствува перманентно во текот на учебната година да се намали нивното намалување од образовниот систем.

„Нашето здружение ’Пралипе’ во текот на годината активно се вклучи во кампањата ’Клучот е во нашите раце’, при што во кривопаланечкиот регион посетивме 145 семејства од ромската заедница”, изјави за МИА претседателот на здружението, Јашар Селимов. Активноста резултира со запишани 39 првачиња од ромската заедница во учебната 2007/2008 година, наспроти пред две години кога беа запишани само 15 Ромчиња. Бројот на учениците не е зголемен поради наталитетот, туку благодарение на нашата кампања и зголемената свест на родителите од ромската зедница”, истакна Селимов.

МИА