Пет години МИМ и www.culture.in.mk

Осовременување на културата и новинарствто

На 12 јули 2006 година Здружението на граѓаните „Јунона” од Скопје го прослави петгодишното функционирање на веб-страницата њњњ.цултуре.ин.мк, прв и единствен дневен електронски информатор, кој нуди информации за настаните од културата во Република Македонија и за претставувањата на македонската култура во странство. Во тој период, на www.culture.in.mk се објавени 15.100 новински единици, се изврши посредување во договарање интервјуа и конкретни соработки меѓу уметници и менаџери од земјава и од странство.

Едно од најголмите признанија за работата на оваа веб-страница дојде од светот – таа е прворангирана страница на Гоогле со клучните зборови „culture” и „Мацедониа”, а вклучена е во авантурите на Ѕахоо: Експедиција Македонија. Веб-страницата на почетокот беше финансирана од Министерството за култура, а потоа долг период функционираше благодарение на личната посветеност, личните средства и волонтерската работа на членовите на Здружението на граѓаните „Јунона”. Последните неколку месеци страницата добива финансиска помош од фондацијата е-Македонија.

На 27 јуни, 2006 година, Маке­донскиот институт за медиуми (МИМ)  прослави пет години од сво­ето постоење. МИМ организира свечена прослава во Клубот на пратениците во Скопје - присуствуваа над 300 гости: секако, преовладуваа новинарите, но гости беа и многу политичари, интелектуалци, дипломати и соработници на МИМ. Во своето поздравно обраќање, директорката на МИМ, Жанета Трајкоска, зборуваше за резултатите постигнати во овој период. Меѓу нив предничат програмите и обуките на коишто учествуваа над 1.000 новинари од Македонија, а над 100 беа испратени во странство на различни обуки во рамките на регионалната соработка. На свеченоста им беа врачени дипломи на студентите кои ги посетуваа програмите на МИМ, меѓу кои и Програмата за едукација на новинари Роми.

М.И.