Посета
Учениците со оштетен слух се
запознаа со македонските ракотворбиНа 18 октомври ученици од Центарот за рехабилитација на децата со оштетен слух “Кочо Рацин” од Битола го посетија Здружението на уметниците ракотворци “Македонски ракотворби”, кое се наоѓа во нивниот град.
При посетата учениците имаа можност да се запознаат со активностите на здружението, но и да стекнат нови знаења во врска со македонската народна традиција и култура, како и да ги збогатат своите уметничко-креативни способности. За таа цел волонтерите од “Македонски ракотворби” реализираа работилници за изработка на накит, еколошко цвеќе, македонски народен вез, сликање во керамика и копаничарство.
Учениците пројавија голем интерес за изработката на ракотворби од овој вид, а одговорните професори понудија можност за соработка помеѓу Центарот “Кочо Рацин” и Здружението “Македонски ракотворби”.
Средбата, како и изработените ракотворби во изминатиот период се пример како граѓанската иницијатива придонесува кон подобрување на целокупното општествено живеење.
Г.Ш
|
|