Уметниците донираат за Клиниката за детски болести
И сликарот Миролав Масин донатор на своите платна
Академскиот сликар Мирослав Масин кој во својата богата сликарска кариера има забележано бројни презентации во Македонија и странство, во почетокот на ноември на самостојна донаторска изложба во Музејот на современата уметност на љубителите на ликовната уметност им овозможи да & помогнат на Клиниката за детски болести во Скопје. На донаторската изложба, специфична и ретка за нашиве простори, Масин презентира 10 свои дела од циклусот “Информации”, создадени во текот на 1996-1997 година од кои три беа продадени, а седум & се подарени на Клиниката којашто планира до крајот на годината да направи посебна аукција на која покрај продавање на делата, ќе им доделува и благодарници на досегашните донатори. “Прв пат правев своја самостојна донаторска изложба. Досега сум учествувал со свои дела на хуманитарни аукции од каде што собраните средства беа донирани исто така за помош на децата. Ова за мене беше убаво искуство, би правел повторно донаторка изложба, зошто да не” - изјави деновиве Мирослав Масин.
И докторката Софијанка Гламочанин од Клиниката за детски болести од Скопје е задоволна од донацијата напоменувајќи дека досега на Клиниката по отворената кампања за помош & помогнале неколку уметници меѓу кои Тоше Проески, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Тони Китановски и др.
К.Б.
|