култура

Здружение на граѓани Рубикон

Во Детскиот театарски центар Скопје, на 17 јуни беше одржан јавен настап со  форум-театарска претстава, како завршница на меѓународниот тренинг на тема “Изнаоѓање практични одговори на културната и религиска дискриминација на Балканот, со употреба на форум-театар”. Организатор на проектот е Здружението на граѓани Рубикон, а учествуваа млади луѓе од балканските држави.

Во оваа пригода, за поголема информираност на  граѓаните беше посочена и дефиницијата која произлегува од Декларацијата на принципи за овој вид театар,  од Организацијата на Меѓународниот театар на потчинети – Форум-театар.

“Театарот на потчинетите на секого му нуди естетски средства за анализирање на сопственото минато, во контекст на сопствената сегашност и следствено осмислување на иднината, без да се чека таа да се случи. Театарот на потчинетите им помага на човечките битија да го возобноват јазикот кој веќе го знаат – учиме како да живееме преку играње театар. Учиме како да чувствуваме преку чувствување, како да мислиме преку мислење, како да дејствуваме преку дејствување. Театарот на потчинетите е проба на реалноста. Театарот на потчинетите е опробување во реалноста за реалноста.”

К.Б.