МРФП воспостави два гарантни фонда
Подобар пристап до финансиските услугиМРФП воспостави гарантни фондови од воен ризик и од недостаток на обезбедување, со што се смета дека ќе бидат охрабрени финансиските инситуции да пласираат кредити на можни корисници чии бизниси се лоцирани во поранешните кризни региони или немаат доволно обезбедување. Гарантните фондови можат да се користат по потпишувањето на договорите помеѓу МРФП и финансиските посредници: Стопанска банка А.Д. - Битола; Тутунска банка А.Д. - Скопје; ИК банка А.Д. - Скопје; и Штедилница Можности реализирано на 16 јуни 2004 година. Вкупната сума ставена на располагање на гарантните фондови е 500.000 евра. |  |
|