ПРОЕКТ ЗА БИОСИГУРНОСТ
Што се тоа ГМО?
Министерстото за животна средина и просторно планирање го спроведува Проектот за развој на национални рамки за биосигурност во Република Македонија, на големо задоволство на здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина и на екологијата. Проектот е поддржан од УНЕП – Пограмата за животна средина на Организацијата на Обединетите нации и од ГЕФ – Глобалниот фонд за животна средина.
Проектот е насочен пред с$ на генетски модифицираните организми (ГМО), како една од најголемите закани на биолошката сигурност денес во светот. Кампањата под наслов “Што се тоа ГМО?” веќе започна да се спроведува. Односно, Министерството за животна средина и просторно планирање испечати флаери, кои беа дистрибуирани во дневните весници, со цел јавноста да ја информира за генетски модифицираните организми.
М.И.
|