“Јекипе” во соработка со Прокредит банка
Во соработка со населението, бетонирана улица во Велес
Граѓанската организација „Јекипе” од Велес, благодарение на добиената финансиска помош од страна на Прокредит банка - филијала Велес, ја бетонира улицата „Благој Страчков” во градската ромска населба Кумсал.
„Проектот членовите на ’Јекипе’ го изведоа применувајќи го веќе користениот метод на користење бесплатна работа рака од страна на локалното население, а младиот и ажурен персонал на банката, освен финансиска помош во набавка на песок и цемент, обезбеди и освежување -топол чај и ужинка за населението ангажирано во уредувањето на својот животен простор” - посочи извршниот директор, Томе Трајков.
К.Б
|
|