Грант-програма

ХЕРКУЛЕ 2

Отворениот повик за предлози чиј краен рок е 4 април се однесува на грант-програмата ХЕРКУЛЕ 2 - Обука на полето на борба против измамата, усвоена од страна на Европската комисија. Негова цел е  поддршка на активности за обука кои на превентивен и/или оперативен начин придонесуваат во борбата против измамата, која им штети на финансиските интереси на Заедницата.

Се очекува програмата да овозможи зајакнување на соработката и размена на информации помеѓу различните партнери, подобро знаење за ОЛАФ и неговите работни методи во земјите членки и земјите кандидатки.

Ш.З./В.Ќ.