ТЕМА
Граѓанските Здруженија пред нов предизвик со поддршка на државата
Гонце Јаковлеска и Маријана Иванова
Повеќе од десет години, граѓанскиот сектор од Македонија се одржува и расте со помошта на странските донатори: фондации, амбасади, владини агенции, странски невладини здруженија, домашни организации за поддршка кои се финансираат од странски донатори… Поддршката која на овој сектор му ја дава македонската Влада е речиси незначителна и е секако недоволна за неговиот опстанок. Исто така, сосема мал дел, сеуште недоволен за функционирањето на граѓанскиот сектор, доаѓа од бизнис секторот („Мобимак“, Фонацијата на Трифун Костовски, „Усје“).
 Државата не може да го пренебрегне граѓанскиот сектор: од последниот НВО саем
Македонските здруженија на граѓани преку странските донатори добиваат не само поддршка за одвивање на нивните активности, туку и техничка помош, и што е многу поважно - обука. Благодарејќи на многубројните обуки, семинари, работилници, тркалезни маси и другите форми на пренесување на знаење, граѓанските здруженија од нашата држава, можеби пред сите останати сегменти во општеството, го научија јазикот на европското работење. Научија и како да ја претстават својата идеја пред донаторот, како да се претстават себеси, како да побараат и дојдат до средства, како да состават проект, како да управуваат со проект, што е проектен циклус, како се управува со информации, како се генерираат приходи, како се управува со луѓе, како се прави маркетиншки план, како да се промовираат, како се водат кампањи, како се пишуваат извештаи, како се лобира, како да се вмрежуваат, и уште многу други нешта… Вредноста на сево ова знаење кое во Македонија е пренесено, главно од европските и американските експерти, е капитал кој им донесе полза не само на здруженијата на граѓани, туку и на општеството во целина. Се создаде критична маса на граѓани кои научија да работат посовремено и поефективно и која секако има, и уште повеќе ќе има влијание врз другите сегменти во општеството.
Но, колкав дел од граѓанскиот сектор во Македонија навистина го научи она најважното - како се работи одржливо? Одржливиот развој не е само голем збор, што се однесува на големи процеси - тој принцип може да се примени и на најмалиот проект и на најмалата организација.
Изгледа дека граѓанскиот сектор во Македонија во наредните неколку години ќе треба да докаже колку научил да го примени овој принцип и сето знаење и вештини кои преку многубројните обуки му беше понудено. Бидејќи, веќе за неколку години граѓанскиот сектор во Македонија Ќе мора да се соочи со фактот дека странската помош нема да ја има во толкава голема мера на располагање, дека таа нема да се нуди во Македонија и ќе биде потешко достапна, за неа ќе мора да се трага надвор од државава, или пак Ќе треба да се трага за помош од други извори во државава. А секако, оние кои добро ги научија лекциите, Ќе се обидат да се свртат кон она што се нарекува “самопомош” и ќе се потрудат самите да создаваат приходи за одржување на својата работа, без да зависат во потполност од помош отстрана.
Владимир Милчин: Селекција по однос на квалитет Темата на одржливоста на граѓанскиот сектор во Македонија ќе биде мошне актуелна во наредниот период - поради тоа и отстапивме и поголемо внимание во нашево списание. Побаравме мислење на оваа тема од личности кои се релевантни да говорат за ова прашање во нашата држава. Еве што ни изјави г. Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија:
- Дел од донаторите кои сега работат во Македнија сигурно ќе се повлече до 2006-та година. Дел од нив, пак, ќе остане. Донаторите поаѓаат од претпоставка дека Македонија ќе ја помине фазата на стабилизација, дека економски ќе зајакне, дека ќе се создаде правен и даночен систем кој ќе овозможи оние невладини организации кои одговараат на јавните потреби, дел од средствата да ги добиваат од јавните фондови или од самите граѓани. Исто така, дека ќе се создадат поволни услови и бизнис-секторот да учествува во нивното финансирање. Се очекува поповолна даночна рамка во оваа смисла. Но, дел од граѓанските здруженија нема да преживеат. ќе дојде до селекција по однос на квалитетот и капацитетот на НВО да ги препознаат вистинските потреби на граѓаните. Тој процес Ќе личи на еден процес кој започнува кај нас - селекција во сферата на медиумите .
Мислам дека тој во крајна линија е здрав процес, ако се одвива според принципот на селекција според квалитет. Ќе преживеат оние кои ќе бидат во состојба да креираат проект кој Ќе создава приход - но таков кој ќе одговара на нивната мисија. Тоа подразбира поголема отчетност на НВО. Тоа е дел од еден процес на зацврстување на демократијата кај нас - владиниот, невладиниот и бизнис секторот Ќе играат своја улога во едно нормално граѓанско општество. Тоа во некоја линија ќе значи и дека сме на крајот на процесот на транзиција. што се однесува до ФИООМ, според сегашната политика, буџетот со кој располага Фондацијата нема да се намали до 2006 година - после тоа ќе дојде до редукција на фондовите и преориентација. Дали Фондацијата Ќе се претвори во институт за јавна политика, или за имплементирачки активности, Ќе зависи од Управниот одбор - вели г. Милчин.
Гре Корнелиус: Самите организации ќе мораат да најдат пат до фондовите За коментар на оваа тема, ја замоливме и г-ѓа Гре Корнелиус, одговорна за програмите во Македонија во Меѓуцрквената организација за развојна соработка од Холандија ИЦЦО. Таа ни изјави:
Средствата што ИЦЦО ги користи за поддршка на организациите се владини средства. Затоа државите што ги користат, односно државите во кои организациите ги спроведуваат активностите, треба да ги задоволуваат ДАЦ критериумите на ДАЦ
СНЕЖАНА ЃОРЃИЕВА, КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА НА МЖСПП: Ќе биде потешко, но ќе има поголем ефект Г-ѓа Снежана ѓорѓева од Канцеларијата за комуникација со јавноста на Министерството за животна средина и просторно планирање, по природата на својата работа е во чест контакт со здруженијата на граѓани. Еве што на темата одржливост на овие здруженија мисли таа:
- На некој начин, донациите ги направија граѓанските здруженија зависни од помошта. Има многу случаи НВО да го немаат потребниот квалитет - тие намаат добри информации, им недостига стручно согледување на проблемот на кој работат. Ако таквите организации немаат помош, тие потешко ќе дојдат до целта, до остварувањето на својата мисија. Но, мислам дека генерално, ако граѓанските здруженија немаат повеќе толку многу фондови од странство на располагање, кај многу од нив ќе се поттикне креативноста, тие подобро ќе се информираат, подобро ќе се изградуваат. ќе им биде потешко, ама со поголем ефект. ќе се пренасочат кон други извори на финансирање, ќе се потрудат да го привлечат бизнис-секторот, ќе бараат средства и помош од владата и од
 Колку научивме? - еден од форумите на НВО саемот
САШО КЛЕКОВСКИ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МЦМС:
Во иднина можеме да сметаме на повеќе регионално финансирање
Со г. Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС направивме кусо интервју, прашувајЌи го за најавеното повлекување на донаторите од Македонија и перспективите за идното работење на граѓанските здруженија.
Г.С. - Има ли простор за загриженост кај здруженијата на граѓани заради заминувањето или најавите за заминување на некои од донаторите? С.К. - Повеќето донатори (странски) кои се во земјата (и регионот) најавуваат нивно повлекување или значително намалување на средствата во периодот до 2007 година. Примери: повеЌето поддржувачи на МЦМС ќе се повлечат до 2007 година; Институтот отворено општество ќе ги намали средствата за Балканот од сегашните 40 милиони на 10 милиони во 2006 година; Институтот за трајни заедници е во последниот продолжеток од програмата...
Ова секако не значи намален интерес за земјава и регионот, туку замена на видовите на финансирање. Во иднина можеме да сметаме на повеќе регионално финансирање (пр. Балкан труст за демократија) и секако финансирање од Европската Унија. Сепак, би нагласил дека, од постоечките 5.000 граѓански организации, не повеЌе од 500 имаат пристап до средства од странските донатори.
Г.С. - Како да се соочат здруженијата на граѓани со повисоките критериуми на донаторите на пример на оние од ЕУ? С.К. - Една од последиците на зголемените механизми за контрола што ги бара ЕУ Ќе биде помал број на поголеми проекти. Пристапот таму ќе биде возможен најверојатно само за неколку поголеми (професионализирани) органзации. Се надевам дека ЕУ ќе овозможи механизам за помали проекти кои ќе бидат достапни и за повеќето волонтерски организации. Тоа може да биде со техничка помош од некоја од поголемите организации.
Г.С. - Која е алтернативата на здруженијата во идната мобилизација на фондови? С.К. - Алтернатива е она што организациите го правеа и пред појавата на донаторите (пред 1992 година) и што сеуште го прават најголемиот број на граѓански организации: спонзорства и донации од приватниот сектор, поддршка од властите и собирања од граѓаните. За тоа ќе бидат потребни поинаку поставени организации и поинакви вештини од оние градени до сега.
|