Проект на МЕД

Осоговските планини во Балканскиот зелен појас

Македонското еколошко друштво МЕД, во јануари, годинава, започна со реализација на проектот „Осоговските планини во Балканскиот зелен појас”. Партнер во проектот е Бугарската фондација за биоди­верзитет (БФБ), а истиот е финансиран од  Франкфуртското зоолошко друштво (Франкфурт Зоологицал Социетѕ ФЗС - хелп фор тхреатенед њилдлифе).

Зелениот појас е иницијатива на германската влада поддржана и координирана од организациите: ИУЦН, БфН, БУНД Бајерн и ЕУРОНАТУР и е таканаречен Европски зелен појас.

Главна цел на проектот е обезбедување поефикасна заштита на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ре­сурси во регионот на Осоговските планини преку формирање прекугранично заштитено подрачје, со поддршка на локалните власти. Во рамките на активностите поврзани со Балканскиот зелен појас, МЕД учествува во реализацијата на два проекти: „Планината Јабланица како еколошки коридор за мечката, волкот и рисот” и „Програма за закрепнување на балканскиот рис”, со посебен осврт кон заштитени подрачја на Шар Планина и биокоридорот Илинска-Плакенска Планина. „Во првата година ќе се изврши валоризација на природните вредности на Осоговските планини, за чија цел ќе бидат вклучени експерти од различни области. Како резултат од овие истражувања ќе се изготват прелиминарни листи на видови, станишта и територии со висока вредност за заштита. Ќе бидат обработени основни топографски карти со ГИС-софтвер и ќе бидат вметнати обработените информации за биодиверзитетот”, вели Деспина Китановска, координатор на проектот.

К.Б.