ЕРИНА, ЕЕБ И МИЛИЕУКОНТАКТ

Семинар за ЕУ и животната средина

Новинарско-правниот енвиро центар Ерина од Скопје, во соработка со Европското биро за животна средина (ЕЕБ) од Брисел и холандската организација Милиеуконтакт (Милиеуконтакт Оост-Еуропа), на 21 И 22 јуни организира дводневен тренинг-семинар на тема “Законската и институционалната рамка на ЕУ во областа на животната средина”.

Покрај претставници од македонските здруженија на граѓани и претставници на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС, на семинарот присуствуваа и претставници на граѓанскиот сектор од Албанија. За првпат интерес за ваков семинар покажа и бизнис-секторот - претставници од Скопската пиварница исто така учествуваа на семинарот. Предавачи на семинарот беа Мара Силина од ЕЕБ, Белгија, Ерика Облак од Уманотера, Словенија и Пол Костеринк од Милиеуконтакт, Холандија.

Следниот ден, во организација на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, ЕРИНА и Европското дрвижење, истите предавачи одржаа предавање за пошироката јавност, во хотелот “Холидеј ин” во Скопје.

М.И.