Задоволни ли се граѓанските организации од локалните власти?
Највисоките и очекувани резултати се добиваат со меѓусебна соработка
Во овој Форум, “Граѓански свет” нуди можност да се согледаат размислувањата, ставовите, искуствата на тема: ”Задоволни ли се граѓанските организации од локалните власти?” Во него можете да учествувате на адресата њњњграганскисвет.орг.мк или цињицњорлд.орг.мк. Ве молиме да се пријавитее со полното име и презиме и да го наведете името на здружението, доколку членувате во некое.
“Во фокусот на целите и активностите на Здружението за граѓански иницијативи Лобинг од Ресен се младите, во функција за остварување нивна поефективна улога, во успешно спроведување на демократските процеси во земјата, како и подобрување на нивната активна улога во општеството. Секако, свесни сме дека за постигнување највисоки и очекувани резултати од нашето дејствување неизбежна е соработката со локалната самоуправа. Значи, како граѓански сектор, мораме да иницираме и негуваме постојана, континуирана соработка во владиниот сектор, и тоа на локално ниво со локалната самоуправа. Соработката меѓу Лобинг и локалната самоуправа на Ресен резултира со реализација на заедничкиот проект Ентериерно уредување на центарот за културни активности на млади во Ресен, кој финансиски е поддржан од Светската банка и од Министерство за култура на Македонија. Основна проектна цел е обезбедување адекватни просторни услови, кои ќе овозможат подготовка и реализација на активности на младите. Центарот претставува мултимедијална целина, во која истовремено 400 лица може да реализираат активности од културно-забавен карактер.
Ваквата соработка е неизбежна, со цел да се иницира решавање на приоритетните потреби и проблеми на локално ниво, како и креирање нови услови за соработка на локалната самоуправа со обичните граѓани и обратно”- вели Татјана Ќулумовска од ЗГИ Лобинг, Ресен.
|