Програмата КАРДС (Kards) бара проекти
Поддршка на локалната програма за развој
Регионалната програма КАРДС за 2004 (Локална програма за развој на граѓанското општество) објави повик за предлози во којшто се бараат проекти на тема “зајакнување на локалните граѓански организации, поддршка на локалниот демократски процес и демократското... на децентрализираните структури”. Кандидатите мораат да бидат од земјите на КАРДС и/или од земјите кандидантки за влез во ЕУ. Доделените грантови ќе се движат од 100 до 200 илјади евра. Крајниот рок за поднесување на предлозите е среда, 28 април 2004 година, до 16 часот по централно европско време. Формуларите за аплицирање, како и другите детали можете да ги погледнете на http://europa.eu.int/comm/europeaid/cgi/frame12.pl.
|
|