претставување: ЛОКОМОТИВА

Со полна пареа во нови уметнички иницијативи

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата - „Локомотива“, е ново здру­жение на граѓани, кое Ќе делува во неколку области: визуелни и медија уметности, со­вре­­мен танц и менаџмент во умет­носта.

„Локомотива“ е фор­мирана, како што велат нејзините членови, „со цел да создаде простор и услови за развој на независната уметничка сцена, да инте­грира млади уметнички потен­цијали, да ги реализира новите иницијативи и идеи преку своите про­грами и активности во форма на едукација, продукција и пре­зен­тација на нацио­нално и на интер­национално ниво“.

Ателјето Локомотива танц, како посебен проект на ова здружение, веќе ја одржа првата работилница, а во наредниот период се предвидува да организира неколку ра­ботилници, видеотанц фестивал и прет­ставување работи во прогрес на млади македонски танчери, во соработка со интер­национални танчери и кореографи.

Целта на овој проект е да придонесе за развојот на независен простор за современ танц во Македонија. Ателјето Локомотива танц го сочинуваат шест  танчери од Маке­донија, кои работат со пет тан­чери од Албанија, обу­чувани од ко­реографи и танчери од швај­царскиот Карамболе танц и театар компанија. Овој проект ќе се реализира со помош на Бри­танскиот совет во Скопје, швај­цар­ската културна про­грама во Маке­донија и Центарот за совре­мени умет­ности од Скопје.

Покрај овој проект, „Локо­мотива“ планира и подгот­вува и други актив­ности во кои Ќе дојде до израз креа­тивноста и ини­ција­тивноста на младите уметници. На алтернативната умет­ничка сцена во Македонија, „Локо­мотива“ планира да настапи под „полна пареа“.

М.И.