Повик за предлози
Институтот за мир на САД (УСИП) дава непобарани грантови
Институтот за мир на САД (УСИП) го објави повикот за предлози за непобарани грантови од кои повеќето се со времетраење од една до две години и изнесуваат од 25.000 до 45.000 американски долари, а постои можност за доделување и повисоки грантови. Можат да аплицираат непрофитни организации, официјални јавни институции, како и поединци од САД и од други земји. Од клучен (но не и единствен) интерес за институтот се следните области: решавање меѓународни конфликти, дипломатија, теорија на преговарање, функционализам и дипломатија “трацк тњо”, методи на решавање несогласувања од страна на трето лице, меѓународно право, меѓународни организации и колективна безбедност, одвраќање и балансирање на моќта, контрола на оружјето, психолошки теории во врска со меѓународните конфликти, улогата на ненасилството и ненасилните мерки, морална и етичка мисла во врска со конфликтите и нивното разрешување и теории за односите помеѓу политичките институции, човековите права и конфликтот.
Институтот не поставува никакви дисциплинарни ограничувања. Добре дојдени се предлози од интердисциплинарна или мултидисциплинарна природа. Краен рок за поднесување на апликациите е 1.10.2005 година. Повеќе информации на http://www.usip.org/grants/unsolicited.html или на: grants@usip.org.
Т.Х.А.
|
Повик за аплицирање
Глобален форум за Законот за граѓанско општество
Глобалниот форум за Законот за граѓанско општество, кој во организација на Меѓународниот центар за Законот за непрофит, ќе се одржува од 17 до 19 ноември 2005 во Турција, каде домаќин ќе биде фондацијата Третиот сектор од Турција, треба на едно место да собере околу 100 водечки експерти што работат на полето на законот за граѓански организации.
Највено е учество на претставници на акционери, граѓански организации, владини претставници, претставници од законодавството, научници и претставници на донаторите. На Форумот ќе се разгледуваат иновативни прашања организирани во пет тематски единици: реформа и застапништво, актуелните прашања и Законот за граѓанско општество, одржливоста на граѓанските организации и законот, одговорноста, транспарентноста и регулативите на граѓанските организации и односите на граѓанските организации со владиниот сектор. Ќе бидат одржани работилници на кои учесниците ќе можат да ги споделат своите искуства и да основаат мрежи на реформисти на Законот за граѓанско општество.
Местата се ограничени, а заинтересираните потенцијални учесници мораат да аплицираат што поскоро на www.icnl.org/globalforum. Дополнителни информации може да се добијат и на адресата на Меѓународниот центар на globalforum@icnl.org.
Т.Х.А.
|
Алманах
Нов том за Глобалното граѓанско општество
Лондонската школа за економија и политички науки го издаде четвртиот том од Алманахот на граѓанското општество. Во него се опишува природата и историјата на глобалното граѓанско општество, а истиот содржи и соодветни студии по тоа прашање, важни забелешки и податоци, како и статии по актуелни прашања.
Интернет-верзијата на алманахот е достапна на: http://www.lse.ac.uk/depts/global/searbook04chapters.htm
Т.Х.А.
|
На Глобалната конференција на ОН
Старт на Глобалното партнерство за превенција од вооружени конфликти
Глобалната конференција од реакција до превенција под наслов “Граѓанското општество гради партнерство за спречување насилни конфликти и градење мир”, се одржа од 19 до 21 јули во седиштето на Обединетите нации. Учествуваа повеќе од 1.000 активисти на граѓанското општество со цел да започнат меѓународно движење за спречување на вооружените конфликти, барајќи од владитте да соработуваат со граѓанското општество на меѓународно, на регионално и на локално ниво. Глобалното партнерство за спречување вооружени конфликти (ГПСВК) се организира во 15 региони во целиот свет, а секој од нив е предводен од една граѓанска организација која ја има улогата на регионален иницијатор. Во регионот на Југоисточна Европа, таа улога ја презеде Нансен дијалог центарот.
Балканската регионална конференција за спречување конфликти е одржана од 4 до 6 ноември 2004 година во Игало, Црна Гора каде е усвоен Балкански регионален акциски план, достапен на њњњ.глобал-цонференце.нет. Во светот досега се одржани 15 регионални конференции на кои се усвоени 15 регионални акциски планови за превенција од конфликти. Извештајот е достапен на: www.gppac.net.
Т.Х.А.
|
|