Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

“Глобална заштита на Земјата”

По повод 16 септември, Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, во Скопје беше промовирана брошурата “Глобална заштита на Земјата”, од авторот Ѓоре Ценев, член на  од Македонското истражувачко друштво, издадена  во рамките на Националната кампања за зголемувањето на јавната свест на населението за намалување на потрошувачката на супстанции коишто ја осиромашуваат озонската обвивка во секојдневието.

Намалувањето на обвивката од 400 до 450 единици на одредени места на 200 единици ги создава озонските дупки коишто се најизразени од септември до декември и достигнуваат големина од 25 милиони квадратни километри, колку што е и површината на Јужна Аме­рика. Најголем причинител за создавање на озонската дупка е емитирањето заситени јаглеводороди, халони кои содржат атоми на хлор, бром и флуор, средства  што се користат при гаснење пожари,  при­с­ут­ни во индустријата, земјо­делството  и нафтената индустрија. Според Ценев, со стапувањето во сила на Монтреалскиот протокол, кој исто така е дел од брошурата, се намалува емитирањето на штетните влијанија на овие соединенија, што резултира со минимално зголемување на дупката во по­след­ните години. Брошурата “Глобална заштита на земјата” ја содржи и Рамковата конвенција за климатски промени, Протоколот од Кјото, Виенската конвенција и Стокхолмската конвенција за  ПОПс. 

С.Н.