ЦЕНТАР ЗА ЕТИКА

Асоцијација за етички истражувања и етичко образование

“ЦЕНТАР ЗА ЕТИКА” како асоцијација за етички истражувања и етичко обра­зование е невладина организација основана во април 2004 година од страна на проф. д-р Кирил Темков како нејзин претседател, проф. д-р Стојан Пржовски, проф. д-р Олга Пешевска-Заревска, доц. д-р Иванчо Атанасовски, доц. д-р Јован Лозановски и м-р Дејан Донев, како секретар на истата. Во Центарот членуваат личности кои водат етички истражувања и кои предаваат етика, но во исто време член може да стане и секој граѓанин, државјанин на Република Маке­до­нија, кој ги прифаќа целите и Статутот на центарот за етика.

Со основањето на овој Центар за етика се настојува да се надополни недостигот од научни и културни активности на полето на етиката, а кои се неопходни во современата епоха. Целта на Центарот за етика е ширење и унапредување на етичката култура, етичките истражувања и етичкото образование во Република Македонија, унапредување на комуникациите со етичка содржина, соработката со етичките центри при УНЕСКО и другите интернационални етички организации, како и сора­ботката со другите невладини организации во ширењето на ети­чка­та култура, унапредување на етичката свест на граѓаните, особено младите, како и унапредувањето на професионалната етика и на идејата и практиката на деонтологијата во сите области. Во тој контекст, Цен­тарот за етика дејствува во насока на ширење на етичките созна­ни­ја, дава информации за научните и социјалните тенденции на полето на етиката, поттикнува и организира научни средби и други фор­ми на етички истражувања, објавува етички публикации, помага во соз­давањето и ширењето на вредностите на универзалната етика, ја истражува биоетиката и нејзините блиски форми - еколошката етика, етиката на здравјето и етиката на зависностите, ја истражува етиката на науките (последните три задачи поставена од УНЕСКО), изработува аудио и видеоматеријали за ширење на етичката култура и за етич­ко­то образование, покренува иницијативи за етички кампањи..., а организира и разни форми на етичко образование на младите, јавни предавање, семинари и други форми на јавна комуникација за ширење на етичката култура и  етичкото образование.

Истовремено му стоиме на располагање секому за сите видови сора­бот­ка и информации од областа на етиката. Центарот е сместен во кабинетот по етика на Филозофскиот факултет. Можете да контактирате со нас на 02/3116-520 локал бр. 123 секој работен ден од 10 до 15 часот или на 070/517-318, како и електронски преку etika1894@yahoo.com